Заборавена Лозинка!
1) За да можете да играте на интернет откако ќе ја стартирате играта треба да кликнете 'Игра на Интернет'.
|
2) Ако веќе имате регистрација за игра на интернет треба да ги воведете корисничкото име и лозинката и да кликнете 'Поврзување'.
- Ако се уште немате направено регистрација за игра на интернет кликнете 'Регистрација'. Во почетокот регистрацијата за игра на интернет е целосно бесплатна.
|
3) Во овој прозорец треба да ги пополните следните податоци: Име, Презиме, Email, Корисничко име, Лозинка, така што во полето сервер да биде напишано: Server1. Откако ќе ги воведете потребните податоци треба да кликнете 'Регистрација'. Во полињата Корисничко име и лозинка треба да употребувате само симболи на латиница како и броевите од 0 до 9 и симболите '-' и '_'. Нивната должина треба да биде минимум 3 симболи. Регистрацијата е успешна откако ќе добиете известување од програмата 'Регистрацијата е успешна!'.
|
4) По успешна регистрација за игра на интернет излегува прозорец во кој треба да ги воведете вашето корисничко име и лозинка. Потоа треба да кликнете на копчето Поврзување со чија помош се поврзувате со Серверот, кој е постојано активен. На истиот прозорец можете да изберете програмата автоматски да го испишува вашето корисничко име и лозинка при секое негово отварање. За таа цел треба да ја изберете опцијата 'зачувај'.
|
5) По успешното поврзување со Серверот ви се отвара нов прозорец. Во неговиот горен дел можете да ги видите сите соби со соодветните играчи во нив и откако ќе маркирате соба во долниот дел излегува список от сите игри создадени од други корисници. Исто така се испишува и нивниот рејтинг. Од горното поле "Игра" можете да ја смените играта која сакате да ја играее на интернет. Во полето корисник се испишува името на корисникот кој ја создал играта. Во полето играчи се испишува бројот на присутните играчи за таа игра. Полето статус покажува дали играта е почната ( Се игра ) или корисникот кој ја создал играта очекува приклучување на уште играчи ( Создадена игра ). Од овој екран вие имате 3 опции или да кликнете Создавање и да почекате да се приклучат други играчи или да ја започнете играта сами, а другите играчи да се приклучуваат за време на играта, да маркирате игра од списокот во која има слободни места на масата и да кликнете на копчето 'Вклучување' (Двоен клик врз играта), да маркирате игра и да кликнете "Набљудување" кога за масата која сте ја маркирале е дозволено набљудување на играта од играчот кој ја создал. Од овој екран можете да ги видите времето за играње, бројот на Корисниците кои се поврзани со Серверот и бројот на корисниците кои играат во секоја игра и соба. Имате можност да ја смените вашата лозинка со помош на копчето "Промена на лозинка". Кога ќе маркирате некоја од игрите кои се играат, во овој екран долу се испишуваат сите играчи кои учествуваат и актуелниот резултат во играта. Можете да ги разгледувате профилите на секој од играчите, кои учествуваат во таа игра со помош на стрелките "<<" и ">>";
|
6) Кога сакате да создадете игра имате можност да зададете лозинка за вашата маса во полето до катанчето. За да може некој друг корисник да се вклучи кон вашата игра потребно е да ја внесе лозинката во истото поле и потоа да кликне "Вклучување". Ако играчот воведе грешна лозинка нема да му биде дозволено да игра или да ја набљудува играта. Преку опциите ( Затворено и отворено око ) можете да му дозволите или забраните на друг играч да ја набљудува вашата маса, но тоа важи само ако вие сте ја создале играта.
|
7) По почетокот на играта со опцијата "катанец" можете да ја заклучувате и отклучувате масата за време на игра преку кликнување со глувчето врз сликата. Со помош на соседната слика ( "око" ) можете за време на игра да дозволите или да забраните играта да биде набљудувана от други. ( Тие опции се дозволени само за корисникот кој ја создал играта)
|
8) Откако ќе изберете создавање на игра ви се појавува екранот подолу. Ако сакате можете да почекате друг играч /-и/ да се приклучи /-ат/ кон вас и да го замените текстот 'Computer' со името на играчот или да ја започнете играта сам. За да ја започнете играта треба да кликнете 'Старт'. Пред тоа вие имате можност да го зададете местото на останатите играчи спрема вас ( За игрите, кои се со повеќе од два играчи например Бељот 4 играчи и Бриџ), исто така ако не сакате некој од останатите играчи да участвува во играта можете да го замените неговото име со 'Computer' и по тој начин тој се заменува од компјутерот. На овој екран преку копчето 'Игнорирани играчи' може да му забранувате на некои корисници да се сврзат кон вашата игра.
|
9) Од овој екран можете да додавате и да бришете корисници со кои не сакате да играете. После секоја промена пред да го затворите екранот треба да кликнете 'Зачувај'. При обид за вклучување на играч, кој се наоѓа во тој список, тој добива известување дека сте го поставиле во вашата игнор листа.
|
10) На овој екран е покажано каде се покажува вашата слика во играта на останатите играчи кога ќе поминат со глувчето врз вашето име. По покажувањето на сликата можете да го отворите профилот на играчот со клик врз неа.
Можете сами да додадете или да ја смените сликата од вашиот профил од овој линк , откако ќе влезете со вашето корисничко име и лозинка. Потоа изберете од менито "Профил", и после тоа "Избери Слика".
|
11) Од менито "игра на интернет" имате опција дали сакате да ви се покжуваат сликите на останатите играчи или не. Таква опција имате и за рејтингот на играчите. Имате достап до списокот со играчи со кои не сакате да играте на интернет.
|
12) Додека играте на интернет во овој прозорец ги гледате играчите кои ја набљудуваат играта во моментот.
- Со помош на првото копче имате можност да го избркате играчот, кој ја набљудува играта.
- Со второто копче имате можност да го поканите да се приклучи кон вашата игра ( се разбира ако има слободно место на масата ).
- Со третото копче можете да му забраните или дозволите на определен играч, кој набљудува, да може да пише во чат-а на масата.
- Со четвртото копче можете да го видите профилот на играчот, кој сте го избрале од списокот и ја набљудува вашата маса.
|